Ранетите се најопасни
Слично беше и на вториот нивни дуел против Австрија , но во него од „црната минута“ како што ја нарече нивниот плеј- мејкер Карачиќ не успеаја да се вратат...

Својот дебитантски настап на Светските првенства репрезентацијата на Босна и Херцеговина го почна со победа над Иран, но и со повремени падови во играта , па до првите бодови стигнаа со голем пресврт во второто полувреме.
Слично беше и на вториот нивни дуел против Австрија , но во него од „црната минута“ како што ја нарече нивниот плеј- мејкер Карачиќ не успеаја да се вратат и на крајот загубија бодови до кои веруваа дека можат да стигнат. Во третиот натпревар се соочуваат со Македонија.
„За нас натпреварот со македонија е да се биде или не,немаме што да загубиме, нема калкулации,одиме на се или ништо“-вели големиот потенцијал на босанскиот ракомет Дејан Малиновиќ.
