Се зголемува бројот на вработени во Велешкиот театар

18.01.2015 13:52

Институцијата која е столб на културното живеење доби двајца драматурзи, двајца режисери и еден актер. Очекувањата се бројот на нови вработувања оваа година да оди во нагорна линија...

Во нова театарска зграда и со пет нови вработени ансамблот од НТ „ЈХК Џинот“ ја започна 2015 година. Институцијата која е столб на културното живеење во Велес  за прв пат во своите редови доби драматург, и тоа не еден туку двајца. За толку е зголемен и бројот на режисери, а еден повеќе бројат и актерите. Сите заедно сега имаат обврска да ги задоволат критериумите на публиката која е верен сојузник на театарската игра.

„Децата си го знаат своето, се си е на ниво.“

„Во секој поглед и на пошироко поле културата ќе дојде на повисоко ниво.“

„Очекуваме повеќе престави да биде поубаво да има каде да одат младите , занас постарите пензионерите многу поубаво катче“, велат анкетираните велешани.

Колку поголеми очекувањата има публиката толку поголема е потребата од нови вработувања.

„Јас очекувам дека ние ќе добиеме подршка од Министерството во однос на другите барања за вработувања во однос на новата театарска зграда која секако ќе бара многу поголем број нна вработени особено во делот на администрацијата и техничкиот персонал“, рече Василче Зафирчев, уметнички директот на НТ „ЈХК Џинот“, Велес.

Новите вработени веќе докажани имиња во својата работа треба да бидат освежување на велешкиот ансамбл.

Во 2105 година љубителите на театарската уметност во Велес ќе имаат можност да одгледаат  четири премиери финансирани од Министерството за култура. Од театарот се надеваат дека со сопствени средства ќе успејат да финансираат помали престави кои ќе бидат одиграни на малата сцена.

Дијана Иванова