Индустријата и возилата најголеми загадувачи

18.01.2015 14:11

Teтово и натаму е меѓу градовите со најзагаден воздух во земјава. Експертите сметаат дека сообраќајот е меѓу главните загадувачи. Граѓаните се желат на нарушено здравје. Концентрацијата на пм 10 честичките се искачува 12 пати повеќе од дозволеното...

Ниту снегот не помогна. Концентрацијата на прашина во воздухот се намалува само во деновите кога врне дожд или снег. Потоа повторно се искачува над границите на дозволеното.

Тетовци и натаму се жалат поради загадениот воздух. Бараат надлежните да смислат стратегија за заштита. Се жалат поради нарушеното здравје.

Побаравме експертско мислење за тоа кои се изворите на загадување и кој најмногу го загадува Тетово? Покрај сообраќајот, меѓу другите загадувачи се посочуваат домаќинствата и индустријата.

Доктор Џавид Фејзули, специјалист по хигиена, вели дека од загадениот воздух најзагрозени се хроничните болни, постарите лица и децата.

Концентрацијата на ПМ 10 честички само неколку денови беше во рамки на дозволените граници. Но, повторно се искачува и до 600 микрограми на метар кубен.

 

Зоран Јованоски