Членови на СОНК во повеќе градови против штрајк
Просветните работници му откажуваат поддршка на претседателот Неделков, бидејќи сметаат дека тој води битка само за свои лични интереси. Во вторник без проблем ќе започне наставата во Битола...

Обидот за штрајк на раководството на СОНК наидува на голем отпор во цела Македонија. Се повеќе членови на овој синдикат се против одлуката за бојкот на наставата во училиштата. Просветните работници му откажуваат поддршка на претседателот Неделков, бидејќи сметаат дека тој води битка само за свои лични интереси. Во вторник без проблем ќе започне наставата во Битола.
„Мислам дека сите најави кои последниве неклолку дена ги слушавме за штрајк во училиштата беа желба на само тесен круг на луѓе проценката е дека објективни услови за тоа непостојат, реални причини нема“, вели Владимир Талески, градоначалник на Битола.
„Во вторник ќе започне второто полугодие, наставта ќе се одвива непречено“, рече Билјана Рахманова Тасева, професор од Битола.
И во Македонски Брод околу 700 ученици од основните и средни училишта и во Крушево околу 1.000 ученици во вторник ќе бидат во своите клупи. И таму професорите, градоначалниците и членови на СОНК соопштија дека нема да има штрајк.
„Барањата на СОНК се повеќе за лични интереси бидејќи претстојат избори и раководството на СОНК сака да си обезбеди масовност за да си го продолжи својот мандат“, вели Милосим Војнески, градоначалник на М. Брод.
„Вработените се на единствено мислење дека проблемите треба да се решаваат преку дијалог со Владата и Министерството за образование“, рече Тони Ставрески, наставик од М. Брод.
„Вработените во сите училишта, во Домот на културатаи во детската градинка ја прозреа намерата на претседателот на СОНК дека штрајкот е за лични интереси“, рече Ѓорѓи Дамчески, градоначалникна Крушево.
„Не го поддржуваме штрајкот бидејќи сметаме дека е за само лични интереси на раководството на СОНК“, истакна Мери Стојаноска, наставник од Крушево.
После неколку денови молк денеска се огласи и Неделков кој останува на ставот дека штрајк сепак ќе имало.
„СОНК мора да си ги бара своите права и затоа поголем дел од членовите на СОНК во вторник ќе влезат во штрајк“, рече Јаким Неделков, претседател на СОНК.
Настава ќе има и во Кочани.
„Во вторник кога учениците и децата треба да одат во школите и градинките се ќе си биде нормално“, вели Ратко Димитров, градоначалник на Кочани.
Денеска дека настава ќе има соопштија и од Демир Хисар, Демир Капија, Босилово, Дојран и Валандово.
Дарко Штаргоски
