Стабилна состојбата на повредените во вчерашната страотна несреќа на патот Штип- Велес

18.01.2015 16:46

Во несреќата повредени беа 12-мина патници. Поради сериозноста на повредите двајца итно беа пренесени во Ургентниот центар во Скопје. По извршените прегледи патничката е згрижена на Клиниката за уво, нос и грло...

Во стабилна здравствена состојба се патничката и возачот на автомобилот по вчерашната страотна сообраќајна несреќа која ги потресе граѓаните на Штип, велат докторите.

Во несреќата повредени беа 12-мина патници. Поради сериозноста на повредите двајца итно беа пренесени во Ургентниот центар во Скопје. По извршените прегледи патничката е згрижена на Клиниката за уво, нос и грло.

Докторите велат дека таа е во стабилна здравствена состојба. Надвор од животна опасност е и возачот на автомобилот, кој поради сериозноста на повредите е згрижен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Дежурниот доктор на Карил вели дека тој е во стабилна и контактибилна состојба, иако е примен со скршеници на ребрата и набиени бели дробови. Докторите ја следат нивната здравствена состојба.

Несреќата се случи синоќа на патот Штип- Велес кај месноста „Три чешми“ при што се судрија мини бус и автомобил.

Возачот на автомобилот излегувајќи од бензинската пумпа, се судрил со минибусот кој сообраќал по коловозот. Во минибусот се превезувале 10 патници, помеѓу кои и една трудница.

 

Андријана Атансовска