Нема штрајк во скопските училишта и градинки
Изминативе денови градоначалнците од скопските општини одржале средби со директорите на институциите. Тие ги информирале дека во ниту една општина нема да се штрајкува...

Нема да се штрајкува во ниту една градинка, училиште или културна институција во Скопје. Во вторник наставата во главниот град нормално ќе се одвива. Ова денеска го соопшти градоначалникот Коце Трајановски по координативната средба со градоначалниците на општините во метрополата.
Изминативе денови градоначалнците од скопските општини одржале средби со директорите на институциите. Тие ги информирале дека во ниту една општина нема да се штрајкува.
Трајановски вели дека право на штрајк има секој и никој тоа не пробува да го оспори.
Скопскиот градоначалник објаснува дека доколку учениците губат настава, ќе треба да ги одработуваат саботите или да се продолжи учебната година.
Викторија Тодоровска
