Реновирана водоводната мрежа во Ростуше

18.01.2015 16:36

Заменети се 2 километри азбестно-цементни цевки на примарната водоводна мрежа...

Општина Маврово- Ростуше по 6 децении го реши проблемот со здрава и квалитетна вода за пиење во Ростуше, седиштето на општината.

Заменети се 2 километри азбестно-цементни цевки на примарната водоводна мрежа. Проектот беше подржан од Министерството за транспорт и врски.

Останува жителите на Ростуше пролетва да се приклучат на оваа современа водоводна мрежа.

 

Емил Јовановски