Атланта дојде до 12 победа по ред, вкупно 33 сезонава
Во отсуство на Перо Антиќ, на висина на задачата беше и Хорфорд со 22 поени, колку што во домашниот тим постигна Гасол, еден помалку од Роуз...

Кошаркарите на Атланта пружија уште една одлична партија и го совладаа Чикаго на гости со 107 : 99. Особено инспириран беше Корвер со 24 поени шутирајќи со снајперска прецизност од дистанца, со 7 тројки од 9 обиди. Во отсуство на Перо Антиќ, на висина на задачата беше и Хорфорд со 22 поени, колку што во домашниот тим постигна Гасол, еден помалку од Роуз. Атланта има 33 победи и 8 порази, или 5 победи повеќе од Вашингтон кој победи во Бруклин со 99 : 90.
Голден Стејт и натаму победува во атрактивна игра, откако беше подобар од Хјустон со 131 : 106 и со вкупен ефект од 32 – 6 е лидер во западната конференција. На гости се радуваа и ЛА Клиперс во Сакраменто со 117 : 108 и Минесота во Денвер со 113 : 105. Домашни победи постигнаа Шарлот против Индијана 80 : 71, Детроит над Филаделфија со 107 : 89 и Мемфис над Портланд 102 : 98.
