Заврши второто коло на СП во Катар

Германија, Шведска и Франција максимално

18.01.2015 21:01

По ремито со Данска на отворањето на Мундијалот, Аргентинците немаа среќа во уште една ракометна драма. Полска ја забележа првата победа. Во дербито на денот, исто така во групата „Де“, Германија ја совлада Русија...

Светското првенство во Катар, барем ,засега, покажува дека некои ракоемтни репрезентации напредуваат до степен да бидат рамноправни ривали со оние што повеќе тежат и се пореномирни, Во тој контекст, Аргентина остава одличен впечаток, иако денеска го доживеа првиот пораз. „Гаучосите“ загубија од Полска со 24-23, но ги освоија симпатиите во салата „Духаил“. По ремито со Данска на отворањето на Мундијалот, Аргентинците немаа среќа во уште една ракометна драма. Полска ја забележа првата победа. Во дербито на денот, исто така во групата „Де“, Германија ја совлада Русија со 27-26 и стана една од осумте селекции со максимален биланс по две средби. Во тоа друштво е и Македонија која утре ќе игра против Босна и Херцеговина со надеж да го обезбеди осминафиналето и да остане на курсот кон првите две позиции во својата конкуренција.  Откако одигра нерешено со Арентина, Данска тргна сериозно против Саудиска Арабија и уште во првото полувреме го реши натпреварот. Конечните 38-18 зборуваат за односот на силите. Германија има 4 бода, Данска три, Русија и Полска по два, Аргентина еден бод, а само Саудиска Арабија без ниту еден нема шанси за осминафинале.  

Во групата „Це“,  Шведска и  Франција влегоа во друштвото на селекции со максимален ефект по две кола. „Викинзите“ ја прегаија Чешка со 36-22. Без Филип Јиха во составот, Чесите не се на потребното ниво, па се уште се на нула.  Тоа важи и за африканскиот првак Алжир кој загуби од Исланд со 32-24. Затоа, пак, олимпискиот и европски шампион Франција дозира, игра доволно за да победува. Денеска против египетските „фараони“ со 28-24. „Триколорите“ и Шведска доминираат со 4 бода, Египет и Исланд со два засега имаат предност на патот до осминафиналето пред Алжир и Чешка.     

***

Група „Це“, 2.коло

Исланд – Алжир 32-24

Шведска – Чешка 36-22

Франција – Египет

Табела: Шведска 4, Франција 4, Египет 2, Исланд 2, Чешка 0, Алжир 0

***

Група „Де“

Полска – Аргентина 24-23

Германија – Русија 27-26

Данска – С.Арабија 38-18

Табела: Германија 4, Данска 3, Русија 2, Полска 2, Аргентина 1, С.Арабија 0