СП Катар 2015

На ред е Босна

19.01.2015 09:11

Во нашиот состав атмосверата е позитивна, нема повредени ниту пак се чувствува посериозен умор, па покрајн за освежување единствениот тренинг во слободниот ден беше искористен за тактичка подготовка пред првиот дуел против европска селекција на светското...

„Натпреварот со Босна и Херцеговина е како сет-топка за нас“-вели нашиот репрезентативец Наумче Мојсовски и додава дека е добро што во македонската репрезентација се чуствува разочараност и по победа.
 
Но, два бода од мечот со Иран се два бода или вкупни 4 заедно со триумфот над Тунис,па сега се е подредено на дуелот со дебитантот на Светските првенства. Победа над Босна и дефинитивно ќе го потврди пласманот на Македонија во осминафиналето, а потоа со Хрватска и Австија ќе се води битка за што подобар пласман во групата и евентуално полесен противник во нок-аут сегментот.
 
Во нашиот состав атмосверата е позитивна, нема повредени ниту пак се чувствува посериозен умор, па покрајн за освежување единствениот тренинг во слободниот ден беше искористен за тактичка подготовка пред првиот дуел против европска селекција на светското.
 
„Знаеме што може да одигра Босна,добро ги познаваме и мислам дека ни одговара таков противник“-оптимист е селекторот Обрван, исто како и нашите ракометари кои се свесни дека противникот не смее да се потцени,но дека ако одиграат на нивото од мечот со Тунис, тогаш победата е неизбежна.
 
Во селекцијата на Босна е присутна голема разочараност по поразот од Австрија, се бараат виновници и грешки во тактичкиот пристап во натпреварот, а дополнително ги оптоварува повредата на Савиќ кој дефинитивно нема да настапи, па целиот товар на најчесто дефицитарната десна бековска позиција на мечот со Македонија ќе мора да го понесе 22 годишниот Дејан Милановиќ:
„Одиме на се или ништо, веќе намаме што да загубиме“-изјави за МТВ клупскиот колега на Борко Ристовски од француски Кретеј.
 
Мечот во кој едните немаат што да загубат, а другите имат многу да добијат, следете го на првиот програмски сервис на МТВ, денеска од 17 часот како и специјалната мундијалска емисија половина час порано.