Македонија – БиХ 2-2-2
Потполна изедначеност со по 2 победи, реми и порази и гол разлика 159-151 во досегашните 6 натпревари...

Македонија и БиХ ќе се судрат прв пат на 24-от ракометен Мундијал, Катар 2015, во нивниот седми меѓусебен дуел вкупно. Потполна изедначеност со по 2 победи, реми и порази и гол разлика 159-151 во досегашните 6 натпревари.
За разлика од нашата селекција која го игра седмиот голем настан, босанската дебитира во одбраното друштво. Во 17-от квалификациски обид БиХ успеа да ја искористи својата шанса и тоа во драматаичен бараж двомеч со фаворизираниот Исланд. Во Сараево беше 33-32 а во реваншот во Рејкјавик 29-29.
Историјата на меѓусебните дуели со Босанците, Македонија ја почна во квалификациите за СП во Португалија 2003.
Во Битола на 27 јануари 2002 година победивме со 28-20 а три дена претходно во Сараево сме поразени со 22-20.
Ривалството во квалификациските двобои продолжи три години подоцна во трката за место на Евро шампионатот во Швајцарија 2006.
Во Горажде на 19.01.2005 Македонија загуби со 34-30, а во реваншот во Битола на 23.01. беше забележано првото реми 28-28.
Последните два двобоја се од квалификацискиот сегмент за пласман на ЕП во Србија 2012. Македонската селекција тогаш ја победи и ремизираше со БиХ и успеа да се пласира на шампионатот на кој го оствари најдобриот пласман досега, 5-то место.
Сега во Сараево на 31.10.201 беше нерешено , втор пат последовно и идентични 28-28, а во Скопје на 12.06.2011 во СРЦ Кале славевме со 25-19.
