СП Катар 2015

Драган Марковиќ: „Против Македонија ќе бидеме подобри“

19.01.2015 10:29

Нервозни сме и не играме течно во нападот како претходно. Се уште не сме влезени во првентвото како што треба...

Темпераментниот селектор на БиХ Драган Марковиќ, кој го водеше полскиот тим Азоти Пулави на турнирот Струга 2014, не беше задоволен од изданието на неговиот тим на дуелот против Австрија.

„Нервозни сме и не играме течно во нападот како претходно. Се уште не сме влезени во првентвото како што треба.Мора да ја победиме нервозата и импресионираноста од настанот, да извлечеме поуки и да излеземе попаметни по поразот од Австрија. Одиме напред, Македонија е наш следен предизвик. Се работи за одличен тим , искусен и профилиран од екипите не Вардар и Металург кои играат во ЛШ квалитетно, плус интернационалците лидери Кире Лазаров и Борко Ристовски. Но, и тие имаат осцилации во играта, видовте дека се мачеа со Иран  и мислам дека се ќе биде отворено до крај. Знам само дека ќе одиграме подобро и ќе се бориме до крај“, изјави босанскиот селектор Драган Марковиќ кој е еден од седумте предводници од екс југословенските простори на овој Мундијал.