Кире и Борко пред мечот со БиХ: „Ќе биде тешко“
„Министерот за одбрана“ Борко Ристовски одлично ги познава квалитетите на босанските ракометари, особено на неговите соиграчи од Кретеј, Дејан Малиновиќ и Мухамед Торомановиќ...

Интернационалниот тандем на македонската ракометна репрезентација на СП во Катар, Кире Лазаров и Борко Ристовски имаат само пофални зборови за нашиот денешен противник селекцијата на БиХ.
„Не очекува тежок двобој. Многу ги почитувам и ги ценам. За разлика од претходните генерации, покрај индивидуалните квалитети ги краси и тимски дух и колективна моќ. Драго ми е, сепак сме наши луѓе и се радувам што се прв пат на СП, зашто знам колку е тешко да се најдеш на завршницата“, изјави пред мечот македонскиот капитен.
„Министерот за одбрана“ Борко Ристовски одлично ги познава квалитетите на босанските ракометари, особено на неговите соиграчи од Кретеј, Дејан Малиновиќ и Мухамед Торомановиќ.
„Очекувам многу тежок меч против репрезентација која е квалитетна и опасна од сите позиции и состав кој е исклучително искусен со играчи кои одиграле многу вакви значајни двобои“, беше коментарот на нашиот прв голман Борко Ристовски.
