СП Катар 2015
Традицијата се почитува и во Доха
19.01.2015 12:09
Точно во 12 часот по локално време, крстот беше фрлен во водите на базенот во хотелот Ездан во центарот на Доха, а најснаодлив меѓу неколкутемина што скокнаа по крстот беше Дарко Здравковски...
Традиционалното фрлање на крстот по повод христијанскиот празник Богојавление беше организирано и во далечната Доха каде што престојува нашата ракометна репрезентација како и секогаш поддржана од бројната навивачка група.
Точно во 12 часот по локално време, крстот беше фрлен во водите на базенот во хотелот Ездан во центарот на Доха, а најснаодлив меѓу неколкутемина што скокнаа по крстот беше Дарко Здравковски.
Немаше подароци, но имаше искрени желби и честитки како и за успех на нашата селекција на натпреварот против Босна и Херцеговина.
