Човекот со вештачко срце се врати во вистинскиот живот
Првиот пациент со вештачко срце почина по 74 дена поминати со протезата во градите. Второ оперираниот, пет месеци по операцијата не само што е жив, туку се чувствува добро. На 2 јануари тој се вратил дома...

„Неверојатно, нема друг збор“- вака Професорот Алан Карпантие, таткото на вештачкото самостојно срце, ја опишува здравствената состојба на вториот пациент кој се врати во вистинскиот живот.
Станува збор за 68 годишен маж, татко на две возрасни деца на кого на 5 август 2014 му беше всадено срце од типот „Кармат.“
„Повеќе од пет месеци по операцијата, пациентот се врати дома, затоа ние со голема радост го соопштуваме ова, бидејќи тој сега води нормален живот“ - вели професорот Карпантие.
Ова е втор пациент на кого му беше вградено вештачко срце од типот „Кармат“. По првата операција направена на 18 декември 2013 во болницата Жорж Помпиду во Париз, втората интервенција беше изведена во Универзитетската болница во Нант од истата екипа на хирурзи предводени од д-р Клод Дани. Со стекнатото искуство, операцијата траеше само шест и пол часа, наместо претходно осум.
Првиот пациент со вештачко срце почина по 74 дена поминати со протезата во градите. Второ оперираниот, пет месеци по операцијата не само што е жив, туку се чувствува добро. На 2 јануари тој се вратил дома, опремен со лесен диспозитив за снабдување со енергија и следење на протезата, кој тежи три килограми, вели професорот Карпантие во интервјуто за „Паризиен“.
„Поминав скоро еден ден со него, пред две недели во Нант. Имав потресно искуство, бидејќи открив човек кој се движи полесно од мене. Јас сум лекар и навикнат сум на срцева инсуифенција, а видов човек без тие симптоми.“
Пациентот пред професорот демонстрирал и возење на домашен велосипед, а до операцијата, движењето на пациентот било само од креветот до фотелјата. Сега тој живее нормален живот.
Оваа протеза која чука како вистинско срце во градите на пациентот, според проценките чини меѓу 140.000 и 180.000 евра и таа е наманета само за пациенти за кои класичното пресадување на срце повеќе не е можно.
Тони Гламчевски
