Левот заминува во историјата: Бугарија ќе стане 20-та членка на еврозоната

19.01.2015 16:09

Бугарија започнува преговори за замена на националната валута лев со евро, пренесува рускиот весник “нова известија”, повикувајќи се на бугарските медиуми и министерот за финансии, Владислав Горанов...

Бугарија ќе бара помош и патоказ од 19-те членки на еврозоната за неопходните  подготовки и реформски зафати што треба да ги направи за влез во групата  привилегирани.

Монетарната власт е убедена дека потегот на замена на левот со евро ќе донесе  позитивни економски ефекти: олеснет пристап до финансиските ресурси, ќе се зголеми приливот на странски инвестиции, отпаѓа пресметката на валутниот ризик – тврди ресорниот министер Горанов.

„Има политички консензус и Бугарија треба час поскоро да го прифати еврото. Наполно е можно да влеземе во чекалната на механизмот ЕРМ 2 до 2018-та кога завршува мандатот на сегашната влада“, изјави министерот за финансии, Владислав Горанов.

Земјата кандидат за еврозоната меѓу другото треба да одржува ниво на буџетски дефицит до 3% од БДП, а државниот долг да не надмине 60% од БДП.

Но, експертите уште сега предупредуваат на опасностите замената на левот со евро лесно може да предизвика скок на цените. Горанов со одговор, има ефикасни механизми за контрола на цените и нема да се дозволи нивно зголемување, поради промена на националната валута.

 

Свето Николовски