Водици: Вардар осветен по целото течение

19.01.2015 16:14

Покрај традиционалните подароци, Илков беше даруван и од премиерот Никола Груевски...

28 годишниот Драган Илков Меѓу стотината мажи прв доплива до светиот крст кој во водите на реката Вардар во Велес го фрли Митрополитот Повардарски, г-дин Агатангел.

„Прв пат скокнав по крстот со другарите мои , мило ми е што го фатив крстот, да има здравје живот за сите , сите да бидеме здрави и живи сите“, изјави Драган Илков.

Покрај традиционалните подароци, Илков беше даруван и од премиерот Никола Груевски.

„Нека  е со среќа, нека е аирлија нека ти носи здравје и успеси“, рече премиерот Никола Груевски.

Светиот чин на водокстување го следеа голем број  граѓани.

„На овој празник Богојавление, фактички сме сознале дека постои бог, фактички се појавува и Бог... Од векови било и така треба да остане... Многу голем празник, Водокрстение, сите се крштеваат“, сметаат анкетираните велешани.

За МПЦ ова е потврда за нераскинливата врска и вербата во Бога.

„Таа божја енергија, таа невидлива сила нека слезе и врз нас Македонците за да ни го просветли умот, да  ни ги очисти срцата и ни ги умили душите за да може да се љубиме еден со друг“, рече г-дин Агатангел, Митрополит Повардарски.

Со денешниот настан завршуваат т.н. некрстени денови.

 

Дијана Иванова