Бог се јави- православните верници слават Водици
Крштевањето симболизира духовно раѓање. Почеток на човековото живеење во верата...

Вардар благословен како некогаш Jордан. Околу 120 верници водени од мислата дека на овој ден се соединуваат со бога, влегоа во ладните води. Веруваат дека крстот ќе им донесе здравје и среќа. Најуспешен меѓу нив беше 22 годишниот виничанец Душан Чимев. За него фаќањето на крстот значи спојување со Христос. Ладното време не го предомисли да се пријави по 8 – ми пат.
За прв пат годинава сите верници пријавени за фаќање на светиот крст уторово присуствуваа на литургија во храмот Рождество на пресвета Богородица.
Преку богојавлението дадено ни е се што ни е потребно за спасение, затоа ние кои во Христа се крстевме и во Христа се облековме, должни сме постојано да го прославуваме и да му го благодариме на Бога за дарот што го добивме, рече архиепископот г.г. Стефан.
Бреговите на Вардат претесни да ги соберат верниците. Масовно и оваа година дојдоа да ја проследат вековната традиција.
Крштевањето симболизира духовно раѓање. Почеток на човековото живеење во верата.
Со Водици завршуваат нечистите, некрстени денови. Се празнува два дена. Верувањата се дека со крстењето, Исус Христос ги потопи гревовите на сите луѓе.
Александра Перевска
