Нема расположение за штрајк
Утре почнува второто полугодие во основните и средните училишта низ земјава. Настава, според најавите на градоначалниците, ќе има во најголемиот број општини, дури и во оние каде што наставниците ќе штрајкуваат. За нив е обезбедена замена...

Најголем дел од наставниците не го прифатија најавениот штрајк на СОНК. Стартот на второто полугодие одлучија, наместо на улица да бидат на своите работни места. Црвен картон за штрајк на претседателот на СОНК деновиве му дадоа 90 насто од наставниците- членови, кои му пратија порака дека нема да бидат дел од неговата битка за нов мандат. Најавата за штрајк ја гледаат како нечесна намера за лични цели, наместо за реални барања.
Скоро сите градоначалници апелираа родителите да ги пуштат децата во училиштата и градинките, затоа што ќе има редовна настава. Скопските градоначалници разговараа со директорите на училиштата и градинките.
Нема да има штрајк ни во слединте општини. Битола, Штип, Свети Николе, Кочани, Крушево, Македонски Брод, Дебрца, Босилово, Демир Хисар, Охрид, Крива Паланка, Ресен, Пробиштил, Берово, Демир Капија, Новаци, Гостивар, Дебар.
Плановите На раководствот на СОНК пропаднаа поради големиот раскол во СОНК. Голем дел од членството препозна лични мотиви во агендата на претседателот Јаким Неделков.
Онаму каде што евентуално ќе има штрајк, останува можноста да бидат воведени заменски наставници. Листите биле изготвени, наставниците веќе исконтактирани и подготвени за наставниот процес.
Наташа Гркова- Петрушевска
