Метео
19.01.2015 17:05
Пак нé очекува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Подрачјето на Македонија и утре ќе се наоѓа под влијание на низок воздушен притисок. Пак нé очекува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои поизразени ќе бидат во западните делови од земјава, а на планините со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
За подетални информации гледајте МЕТЕО со метеорологот Ирена Лазарова - Димитровска...
