Со верата и цркаватa секаде!

Митрополитoт Пимен на Богојавление со македонците во Италија

19.01.2015 17:15

Црковната општина Свети Архангел Михаил од Неиве Северна Италија, традиционално секоја година на Богојавление ги собира македонците кои живеат и работат во овој регион...

Да бидеме заедно и во овој голем ден за христијанството, иако не сме со нашите во татаковината сепак не се двоиме од црквата и традиција, ова е дел од празничната проповед на Митрополитит европски, неговото Високо Преосвештенство г. Пимен на денешната Богослужба.

Црковната општина Свети Архангел Михаил од Неиве Северна Италија, традиционално секоја година на Богојавление ги собира македонците кои живеат и работат во овој регион.

По одржаната Света Архиерејска Божествена Литургија во Црквата Свети Архангел Михаил на која чиноначалствуваше Митрополитот европски г Пимен заедно со парохискиот свештеник Отец Михајло Матевски се одржа осветување на водите на реката Танаро.

Ние сме заедно и благодарение на Црквата, која како матица не собира каде и да сме и овој ден го направивме според сите обичаи, вака велат македонците кои живеат и работат во овој регион во Италија.

Крстот во водите на реката Танаро го спушти Митрополитот европски г. Пимен а овие Водици најмногу среќа и здравје ќе му донесат на Дејан Ристов.

Тој заедно со 17 македонци кои живеат во Неиве се фрлаше по крстот.

Во овој регион во Италија жиеват околу десет илјади македонци, а Црковните општини Свети Архангел Михаил и Свети Прохор Пчински живеат здрав и полн црковен и духовен живот.