Алпско скијанје

Линдзи Вон во скијачката историја

19.01.2015 13:32

Нејзината фуриозност меѓу вратите резултираше со 85 стотинки подобро време од второпласираната Австријка Ана Фенингер. Трета на подиумот беше Тина Вајратер од Лихтенштајн...

Светскиот куп во алпско скијање  ја доби новата кралица! Американката Линдзи Вон ја постигна 63-та победа во кариерата, надминувајќи ја легендарната Австриска скијачка Анемари Мозер-Прел. Вон денеска имаше извонредно  возење  на патеката за супервелеслалом во италијанскиот зимски центар Кортина Д,Ампецо. Нејзината фуриозност меѓу вратите резултираше со 85 стотинки подобро време од второпласираната Австријка Ана Фенингер. Трета на подиумот беше Тина Вајратер од Лихтенштајн.

Линдзи Вон 4-ти пат во оваа сезона имаше победничко возење. По трите најбрзи спуст трки во Лејк Луис, Вал Д.Изер и вчерашната во Кортина, денеска блескаше и во „Супер  Џи“. Извонредната Американка конечно го надмина   рекордот на Анемари Мозер-Прел кој опстојуваше цели 35 години. 32 победи во спуст, 21 во супервелеслалом, 3 во велеслалом, 2 во слалом и 5 во комбинација е победничкиот опус на  Вон. Во својата 30-та година, силна и амбициозна е со голема шанса да постави тешко достижни победнички бариери во алпското скијање.