Премиерот Груевски оствари средба со менаџерксиот тим на „Вајбер“
Менаџерите на компанијата Вајбер посочиле дека се отворени за соработка и размена на искуства и дека компанија го следи напредокот на државата во сферата на информатичките технологии...
Разговарале за информатичките технологии и за бизнис климата која се развива за инвестирање во оваа индустрија. Груевски ги информирал соговорниците за преземените реформи во сферата на ИТ секторот.
Посочил дека државата вложува во осовременување на Охридскиот Универзитет и Факултетот за информатички технологии во Скопје, а паралелно со реформите во економијата се вложува и во развојот на информатичките технологии во сите сегменти, што придонесе за значително зголемување на интернет пенетрацијата која во 2006-та беше 9%, а сега е околу 70%.
Менаџерите на компанијата „Вајбер“ посочиле дека се отворени за соработка и размена на искуства и дека компанија го следи напредокот на државата во сферата на информатичките технологии, поради што и пројавиле интерес за конкретна соработка.
Понудиле поддршка за поврзување со останати глобални компании и корпорации кои се нивни партнери, а се заинтересирани за проширување на своите капацитети на нови пазари.