Нова црква по 100 години

08.01.2014 10:14

Привршуваат работите околу изградбата на црквата Свети Кирил и Методиј во Велес

Од Епархијата Повардарска велат иконостасот е готов, просторот околу црквата наскоро ќе биде уреден и за отворање на црковните порти ќе се чека само уште на завршување на фрескоживописувањето.

„Уредувањето на дворното место привршува, се надевам дека во 2014 ќе заврши и фрескоживописот и со божја воља ќе ја осветиме и сите заедно ќе се радуваме“, рече г. Агатангел, владика на Повардарската епархија.

И  велешани со нетрпение го очекуваат денот кога ќе можат во оваа црква да запалат свеќа и да се помолат на  здравје, да  се венчава и крштева.

„Секој на минување ќе може да влезе да си запали свеќа “

„Има доволно население има цркви кои се понастрана од градот, мислам дека е добро  “.

„Ќе одам да видам како е, што е направено, како е направено“, велат анкетираните велешани.

За МПЦ градбата на божји храмови е приближување на верата до  верниците. Владиката Агатангел открива дека негова желбе е наскоро  во  населбата Ќерамидна да започне изградба на  црковен храм.

„2009-та година поднесов барање за промена на урбанистичкиот план и добивме маркица во делот од касарната“, рече владиката Агатангел.

Последните осум години се години за паметење велат верниците, оти после 100 година во Велес се изградија две цркви,  „Свети Кирил и Методиј“ и „Свети и Дамјан“. Најавата за нова црква за верниците е дар од Господа.

 

Новинар: Дијана Иванова     

 

Снимател: Никола Василковски