СП Катар 2015

Победа за осминафинале

19.01.2015 20:12

Манасков беше најефикасен кај нас со 6 погодоци, Лазаров, Мојсовски, Прибак и Миркуловски постигнаа по три. Ристовски забележа 10 интервенции.

Тешко,драматично,докрај неизвесно, но може ли да биде поинаку кога нашите ракометари бијат значајни битки. На светското певенство во Катар ја добија и третата, ја совладаа селекцијата на Босна и Херцеговина со 25-22 и го обезбедија пласманот во осминафиналето. А, тоа е најважно, играта,промашувањата и нервозата ќе се заборават ,ќе се памети и бележи нов пласман меѓу најдобрите 16-ет во светот и определбата да не се застане тука.

А се почна добро и заврши добро, во меѓувреме драма. Македонија отвори со водство 6-1 по 10 минути игра и застана. Босна врати, 6-6 во 18-тата минута и оттогаш нишалка. Ние одржувавме минимално водство до крајот на првото полувреме(13-11), но во 44-тата минута за прв пат на натпреварот поведе и Босна. Тоа се оние периоди кога ништо не ви поаѓа одрака,кога се промашуваат зицери,пенали,топката оди во аут и противничкиот голман го правите најдобар играч на теренот.

Но, Македонија е голема репрезентација, можеби за прв пат имаме и клупа, па во финишот повлекоа Вугринец и Прибак. Борко се надоврза со неколку добри интервенции,па за момент зедовме воздух.Во 52-та минута имавме 22-19,но за кратко.Мини серија од 2 на Босна и повторно драматична завршница, но Лазаров веќе не промашуваше пенали,Манасков погодуваше,а и Мојсовски кога беше најпотребно.Конечни 25-22 за како што истакна капитенот,репрезентацијата да го добие неопходниот мир.

Манасков беше најефикасен кај нас со 6 погодоци, Лазаров, Мојсовски, Прибак и Миркуловски постигнаа по три. Ристовски забележа 10 интервенции.

Доволно за осминафинале за Македонија. Сега е полесно,репрезентативците најавуваат дека вистинското доправа претстои. Можеби уште в среда , на мечот со еден од најголемите фаворити на Светското,селекцијата на Хрватска.