Претседателот на Собранието на Албанија во официјална посета на Македонија
20.01.2015 09:00
Претседателот на албанскиот Парламент ќе има средба со својот домаќин Вељаноски, а потоа и обраќање пред пратениците во македонското Собрание...

Претседателот на албанскиот Парламент Илир Мета денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана од претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски.
Претседателот на албанскиот Парламент ќе има средба со својот домаќин Вељаноски, а потоа и обраќање пред пратениците во македонското Собрание.
Албанскиот гостин во рамки на посетата се очекува да има средби и со претседателот на државата Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.
Претседателот на Албанскиот парламент во рамки на посетата ќе се сретне со претставници на раководствата на ДУИ, ДПА и СДСМ.
Ова е возвратна посета на Мета на Македонија. Претседателот на Собранието на Република Македонија Вељаноски беше во посета на Тирана во декември 2013 година.
