Ристовски: Не сакам да ме сметаат меѓу најдобрите, важни се само победите
На него не одеше се според првичниот план, ривалот даваше силен отпор, на капитенот Лазаров не му одеше шутот од игра, но нашиот тим се издигна над ситуацијата и стави печат на осминафиналната виза...

„Борбениот дух, срцето, цврстата одбрана, максималното залагање на секој натпревар“, беа зборовите со коишто голманот Борко Ристовски најдобро опиша што е она коешто најмногу ја одликува македонската ракометна репрезентација, а особено важи за вчерашниот натпревар против Босна и Херцеговина во третото коло на СП во Катар.
На него не одеше се според првичниот план, ривалот даваше силен отпор, на капитенот Лазаров не му одеше шутот од игра, но нашиот тим се издигна над ситуацијата и стави печат на осминафиналната виза.
„Не брзаме, одиме натпревар по натпревар, турнирот е долг“, вели чуварот на нашиот гол, којшто не сака да го сметаат за еден од најдобрите во светот.
„Сепак, најважни се само победите“, е ставот на Ристовски.
„Не одигравме најдобро. Кога поведовме со 6-1 помисливме дека ќе биде лесно, но Босна има одлични играчи и го покажа тоа изедначувајќи на 6-6. Ние сме таков тим што кога на Кире не му оди, сите играме лошо“, објаснува Наумче Мојсовски, но смета дека значајно корекција ќе следува веќе во натпреварот со Хрватска.
„Сигурно ќе ни биде многу потешко. Ќе мора да го дадеме максимуот. Не сме играле со Хрватите на голем турнир, но се надевам дека ќе одиграме добар натпревар“, вели Мојсовски.
