Кога пеколот ќе замрзне
Кога пеколот ќе замрзне – вака се шегуваат Американците со најстудениот поларен вортекс што ги зафати сите 50 држави. Токму во Мичиген, во гратчето Хел во превод „пеколот“, температурата достигна -17 степени.
Соседот се заглави, па повика чистач на снег. Се заглави и чистачот на снег, па повикаа влечна служба. Се заглави и таа. - Џим Хилар, жител на Хел, Мичиген

Најниската температура од -37 степени е забележана во Минесота – постудено отколку неодамнешните температури на Марс за кои податоци достави Роверот Марс.
Но ситуацијата е далеку од духовита за многумина. Студот однесе најмалку 21 човечки живот, главно бездомници или во сообраќајни несреќи, но и луѓе што нагло омалаксале чистејќи го снегот.
Морам да спиам во возови или катни гаражи. Се возиш во возот додека можеш, па се качуваш на друг. И така цела ноќ. Не можеш да се наспиеш. Тешко е. - Чефју Скот, бездомник
На северот навикнати, се забавуваат на студот, додека на инаку топлата Флорида се тресат од студ, а на тропскиот Хаваи, на неактивниот вулкан Мауна Кеа се измерени -7 степени. Рекордите се урнати во Алабама, Џорџија, Тенеси, Арканзас, Мичиген, Мериленд, Охајо, Пенсилванија и Њујорк. Во Кентаки, побегнат затвореник се вратил во затвор за да се скрие од студот.
Средниот исток се откопува од под 61 сантиметар снег, откажани или одложени се повеќе илјади летови, а 500 патници на железницата до Чикаго цела ноќ останаа заглавени на замрзнатите шини. Времето е испит дури и за Канаѓаните, пишуваат медиумите. Во Онтарио живата падна на -30 степени. Во Торонто и во Отава патиштата се покриени со опасен црн мраз.
Секогаш сме имале големи снежни невремиња и тони снег. Обично добро се снаоѓаме, но веќе се прашувам што стана што веќе не ни е толку добро? - Жител на Отава
Според метеоролозите, најлошото треба да помине во наредните два дена. Потоа се очекува стоплување и температури околу или над нулата.