Агрометео: Ниските температури нема да им наштетат на земјоделските култури
20.01.2015 11:47
Зимските временски услови се погодни за земјоделските култури. Заштитени од снегот тие во овој период се во фаза на презимување и успешно ги издржуваат ниските минусните температури...

Ниските утрински и дневни температури нема да наптават штети на земјоделските култури.
Според агрометеорологот Ангелко Ангелески од Управата за хидрометеоролошки работи минималните температури се во границите на издржливоста на есенските посеви.
Земјоделците не треба да се загрижени за презимувањето на житните и на другите култури.
Се почесто потоплото време и сончевите периоди се поволни и во градинарството. Трошоците за затоплувањето на пластениците и оранжериите се намалени што го поефтинува производството.
Методија Трајков
