Три селекции по осминафинална потрвда
Дербито на денот меѓу Франција и Исланд ќе го гледате на Првиот канал на Македонската телевизија од 19 часот во рамки на мундијалската емисија којашто ќе почне половина час порано...

Само три од 12 репрезентации во групите „Це“ и „Де“ имаат максимален ефект по првите две кола на Светското првенство во Катар. Ако ова трио победи, а во него се Франција, Шведска и Германија, тогаш денеска ќе ги добиеме новите осминафиналисти.
Дербито на денот меѓу Франција и Исланд ќе го гледате на Првиот канал на Македонската телевизија од 19 часот во рамки на мундијалската емисија којашто ќе почне половина час порано. Европскиот и олимписки првак Франција досега играше доволно за да победи, но не е исклучено денеска да го покаже вистинското лице. „Викинзите“ имаа лош настап против Шведска и бавен старт, но со триумф против Алжир, па дури и со евентуален, а веројатен пораз од „триколорите“ ќе останат во игра за место меѓу 16-те.
***
Група „Це“, 3,коло
Чешка – Египет
Франција – Исланд (МТВ 1, 19.00)
Шведска – Алжир
Табела: Шведска 4, Франција 4, Египет 2, Исланд 2, Чешка 0, Алжир 0
***
Група „Де“
Германија – Данска
Полска – Русија
Аргентина – С.Арабија
Табела: Германија 4, Данска 3, Русија 2, Полска 2, Аргентина 1, С.Арабија 0
