СП Катар 2015

Ивица Обрван: „Ја сакам Хрватска ама посакувам да победи Македонија“

20.01.2015 12:03

На ред е двобојот со неговата Хрватска и директен судир со соиграчот од репрезентацијата и сограѓанин од Метковиќ, Славко Голужа, уште еден од седумте селектори од поранешната југословенската ракометна школа на Мундијалот во Катар...

Селекторот на ракометниот национален тим на Македонија, Ивица Обрван, на СП во  Катар ги доби сите три  дуели против своите колеги предводници кои потекнуваат од екс југословенските простори. Против стариот ракометен лисец на кормилото на Тунис, Хрватот Сеад Хасанефендиќ, беше фуриозен и убедлив, со Иран на Словенецот Борут Мачек обезбеди рутинирана победа а драматично беше во мечот со БиХ чиј лидер е темпераментниот и харизматичен Драган Марковиќ.

На ред е двобојот со неговата Хрватска и директен судир со соиграчот од репрезентацијата и сограѓанин од Метковиќ, Славко Голужа, уште еден од седумте селектори од поранешната југословенската ракометна школа на Мундијалот во Катар.

„Ја сакам Хрватска со цело срце и душа, но посакувам победа утре на Македонија. Голем респект за оваа селекција на Голужа од која не се плашиме. Емоциите ги ставам на страна, моја репрезентација сега е Македонија и ќе направам се да ги победиме за да бидам пресреќен. Ќе биде тоа битка за прво место во групата и сакам да одиграме квалитететен и борбен меч. Горд сум на играчите кои ги дадоа последните атоми енергија и покажаа карактер во една специфична ситуација за да обезбедиме максимален ефект по трите рунди“, коментираше нашиот селктор по победата над БиХ.