Кежаровски на условен отпуст, на 18 февруари ќе продолжи со издржување на казната

20.01.2015 12:25

Кежаровски изутрината е пуштен на слобода, но како што соопштува тој, му било кажано во затворот да се врати на 18-ти идниот месец. Со преиначената пресуда на новинарот му остануваат нешто повеќе од 3 месеци затвор...

Директорот на затворот Шутка поднесе барање за условен отпуст на новинарот Томислав Кежаровски, поради како што велат здравствени причини, по што Управата за извршување на кривичните санкции изутрината донесла решение со кое на новинарот му се прекинува казната. Оваа информација ја потврдуваат од Кривичниот суд, од кадешто велат дека барањето ќе се разгледа.

Кежаровски изутрината е пуштен на слобода, но како што соопштува тој, му било кажано во затворот да се врати на 18-ти идниот месец. Со преиначената пресуда на новинарот му остануваат нешто повеќе од 3 месеци затвор.

Во меѓувреме тече преотест пред зградата на апелацискиот суд каде новинари бараат ослободување на нивниот колега. Второстепениот суд го осуди новинарот на две години затвор за откривање идентитет на заштитен сведок.

 

Анита Димитријевска