Уставните амандмани на собраниска седница
Има и предлог уставна измена со кој е предвидено владата да ја утврдува фискалната политика, дефицитот на буџетот не смее да надмине три насто од БДП, а јавниот долг, 60 проценти од БДП...

Осум уставни амандамани се на дневен ред на собраниската седница. Двотретинско мнозинство е потребно за нивно изгласување. Еден од предлог амандманите се однесува на бракот – да се дефинира како животна заедница исклучиво мегу маж и жена. Предложено е и основање на финанскиски зони.
Има и предлог уставна измена со кој е предвидено владата да ја утврдува фискалната политика, дефицитот на буџетот не смее да надмине три насто од БДП, а јавниот долг, 60 проценти од БДП.
Со предлог амандманите и Народната банка треба да се преименува во Централна банка. На Комисијата за уставни прашања, владејачкото мнозинство ги подржа предлог уставните измени, а пратениците од ДПА се изјаснија против.
