Светска банка: Македонија со највисок економски раст во регионот
Земјава догодина треба да има раст од 3,8 отсто, а во 2017-та да достигне 4 проценти...

Јавните инвестиции, производството и извозот од слободните економски зони го билдаат економскиот раст на земјава. Македонија годинава ќе оствари највисок економски раст во регионот од 3,5 проценти – се наведува во најновиот извештај на Светска банка за глобалите економски перспективи.
Земјава догодина треба да има раст од 3,8 отсто, а во 2017-та да достигне 4 проценти.
Истовремено економијата на Црна Гора ќе забележи раст од 3,4 проценти, Албанија од 3 отсто, Босна и Херцеговина од 1,5 проценти, Хрватска ќе биде во плус од 0,5 проценти, додека најлоша е прогнозата за Србија.
Нашиот северен сосед, според Светска банка годината ќе ја заврши со минус од 0,5 отсто.
