Почна второто полугодие, СОНК не доби поддршка за штрајкот
Почна второто полугодие. Учениците од средните и основните училишта се вратија во училишните клупи. И покрај најавите штрајкот на СОНК не доби целосна подршка. Наставниците ја почнаа наставата освен во Куманово и во Струмица. Се сумираат состојбите на терен...

За средношколците и основците почна второто полугодие. По три неделниот распуст, детскиот џагор повторно се слушна во училиштата. На првиот час учениците ги повторија старите лекции. Тие беа најрадосни што повторно се во клупите со своите соученици.
И покрај најавите на СОНК, според сознанијата во скоро сите општини во земјава штрајк нема. Наставниците држат часови, учениците се на настава, градинките работат. Родители ги испратија децата на училиште.
„Нема да има штрајк, зошто да не го донесеме... Ние сакаме детето да оди на училиште, другите нека одлучуваат... Не знаевме дали ќе се учи или не, но еве, на училиште сме“, велат дел од родителите кои ги анкетиравме.
Според информациите од терен шрајк има само во Куманово и Струмица. Таму наставниците се на работните места, но не држат часови. Согласно законот просветните работници што не држат часови, ќе добијат замена. Во голем дел од скопските гимназии и основни училишта штрајк, второто полугодие почна без проблеми.
Членови на СОНК од цела Македонија изиминативе денови истакнаа дека не го подржуваат штрајкот и дека тоа е лична агенда на претседатлот Неделков во пресрет на изборите во синдикатото од кој немаат интерес наставниците, учениците и родители. По состојбите на терен и реализацијата на наставата, повикот на првиот човек на СОНК падна во вода.
Викторија Тодоровска
