СП Катар 2015

Македонија победува и од клупа

20.01.2015 13:39

Капитенот Лазаров е играч од светска класа, можеби и најдобриот, но и тој има право на лош ден...

Големите репрезентации победуваат и кога не им оди најдобро,македонската можеби не е меѓу топ 4-те селекции во светот, но на шампионатот во Катар демонстрира елементи во играта својствени за најголемите.Беше изненаден селекторот на Босна, Драган Марковиќ од стабилноста на нашите ракометари и кога Босна го презеде водството: „Кога им згазнавме на опашката кога го презедовме водството, тие останаа толку смирени што не можев да поверувам“-изјави по натпреварот босанскиот стратег.

Но, за разлика од претходните настапи на големите натпреварувања,македонската селекција сега има и клупа. Капитенот Лазаров е играч од светска класа, можеби и најдобриот, но и тој има право на лош ден. Разликата во однос на Босна беше што ние имаме клупа,а на неа Вугрунец и Прибак.Повлекоа кога беше напотребно ,од 18-17 за Босна ни донесоа водство 20-18 ,по што рутинирано натпреварот беше приведен кон крај и кон нова победа.Победа од клупа.