Обрван без емоции против своите
Обрван е горд на македонските ракометари од кои поголем дел се под притисок на нерешената егзистенција по настаните во Металург, но играат со срце и душа на Мундијалот...

„Немам емоции, ја сакам својата земја,но јас ја водам Македонија и овие ракометари за мене се најдобрите на Светот и повеќе од се посакувам победа за Македонија“-изјави на денешниот брифинг хрватскиот стратег на македонската клупа.
„Ќе играме против една од најдобрите светски репрезентации, тие не се при врвот туку години наназад се во борба и освојуваат медали,но ние не се плашиме, ќе одиграме максимално и ќе се обидеме да го освоиме првото место во групата“- додава Обрван потенцирајќи дека е горд на македонските ракометари од кои поголем дел се под притисок на нерешената егзистенција по настаните во Металург, но играат со срце и душа на Мундијалот.
