Му се радувам на натпреварот со Македонија
Хрватскиот стратег потенцира дека на натпреварот против Иран одморил дел од своите најдобри ракометари за подготвени да го дочекаат дуелот со Македонија...
„Ќе биде тоа балканско дерби, голем натпревар, можеби ќе решава една топка,а шансите се 50-50“- изјави на денешната средба со новинарите хрватскиот селектор Славко Голужа. Според него Македонија игра одличен ракомет, но тоа не е случајно ниту пак изненадување.
„Знаеме дека повеќе од се посакуваат да ја победат Хрватска,но ние сме подготвени на се, го цениме, но не размислуваме за противникот, ние ќе ја играме нашата игра“- додаде хрватскиот стратег потенцирајќи дека на натпреварот против Иран одморил дел од своите најдобри ракометари за подготвени да го дочекаат дуелот со Македонија.
„Ми пречи кога се пишува дека старите или добрите играчи одморале на вчерашниот натпревар, овде нема резерви, нема стари и млади, ние сме тим“- реагира корпулентниот пикер на Хрватска Игор Вори и додава: „Она што е најважно е што сме со 6 бода по три натпревари и тоа дека сме максимално подготвени за дуелот против Македонија што ќе репава за пласманот на врвот во групата“.
