Израел: Опасност од можни одмазднички напади на Хезболах
20.01.2015 13:53
Потврдено е дека се разместени противракетни батерии „железна купола“ на северната граница со Либан...

Анонимни официјални израелски лица соопштија дека земјата е во висока приправност поради можни одмазднички напади на либански Хезболах.
Потврдено е дека се разместени противракетни батерии „железна купола“ на северната граница со Либан и дека е зајакнато надгледувањето во таа област по воздушниот напад на шиитските борци во Сирија.
Исто така е најавен и состанок на потесниот состав на израелската влада задолжен за безбедност за да се разгледа можната ексалација на насилството.
