Русија: Воени маневри на Сибир

20.01.2015 13:59

Во текот на вежбите комисијата ќе ја проучи сегашната состојба на командата во врска со организираните активности и спроведувањето вежби во борбата против тероризмот на ниво на командна единица...

Русија почна први ненајавени воени маневри во оваа година во Сибир, а во нив учествуваат ракетни сили со преку 1.200 војници.

Во текот на вежбите комисијата ќе ја проучи сегашната состојба на командата во врска со организираните активности и спроведувањето вежби во борбата против тероризмот на ниво на командна единица.

Маневрите вклучуваат повеќе од 20 задачи, вклучувајќи и обука на трупите за итни интервенции, како и силите на Министерството за внатрешни работи и Федералната служба за безбедност.