ИДИЛ бара 200 милиони долари за двајца заробени јапонци
20.01.2015 14:01
На снимката се гледаат двајца мажи од Азија облечени во портокалова униформа на колена покрај човек во црно со маска на лицето којшто ги чита барањата...

Екстрмистите на Исламската Држава се закануваат дека ќе погубат двајца заробени јапонци доколку во рок од 72 часа не им се исплатат 200 милиони долари.
На снимката се гледаат двајца мажи од Азија облечени во портокалова униформа на колена покрај човек во црно со маска на лицето којшто ги чита барањата.
Човекот звучел како британец и се верува дека е вмешан и во другите убиства на заложниците што ги киднапира Исламската Држава и која што контролира третина од ирачката и сириската територија.
