Одбраната го информираше стопанството за плановите за јавни набавки
Министерот за одбрана Зоран Јолевски истакна дека средбата со македонските компании е од големо значење бидејќи, како што рече, функционирањето на Армијата на Република Македонија доаѓа од македонските даночни обврзници и затоа, патриотска должност е што поголем дел од тие средства да се вратат назад во македонската економија...

Одбраната ја информираше македонската економија за своите планови околу јавните набавки. Пред стопанствениците ја презентираше за годинава за да испровоцира што поголем број фирми да конкурираат и да ги добијат тендерите.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски истакна дека средбата со македонските компании е од големо значење бидејќи, како што рече, функционирањето на Армијата на Република Македонија доаѓа од македонските даночни обврзници и затоа, патриотска должност е што поголем дел од тие средства да се вратат назад во македонската економија.
На средбата ќе размениме мислења и ќе ги информираме компаниите кои се плановите за набавки во Министерството за одбрана и АРМ во текот на оваа година, со цел што повеќе компании да се јават на овие тендери и доколку имаат најповолни услови истите да ги добијат, истакна Јолевски.
Тој најави дека во иднина на почетокот на секоја годината МО пред компаниите и членките на комората ќе ги изложува своите проекции од планиот за јавни набавки за текот на целата година.
Престседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески рече дека на иницијатива на министерот за одбрана Зоран Јолевски од крајот на минатата година до сега оствариле неколку средби.
Со министерот Јолевски ја интензивиравме комуникацијата и разговаравме за јавните набавки кои се значаен сегмент на министерството и се од голем интерес на Стопанската комора на Македонија како асоцијација на најголемите компании од Македонија кои учествуваат на тие јавни набавки, рече Азески.
