Потомство

Децата пред трката по кариера и пари

21.01.2015 13:07

Семејството Трпески се само еден пример дека трката по кариера и пари не се изговор за повеќе деца во домот...

Бојана била првото дете кое донело среќа во семејството Трпески. Младите родители Александра и Благојче од Гостивар не ја оставиле сама. Ева е втората радост. Сакале и машко за да се продолжи лозата. На светот сега му се радува и Бојан. Велат - скромните примање не се изговор за поголемо семејство, најважно е да има љубов и разбирање.

„Не е лошо да си татко на три деца, има повеќе обврски, но супер е. Прво кога ќе си отидам дома прашувам како се децата, потоа ручаме, а за спиење, сите различни се, цртани обавезно гледаат“, раскажува Благојче Трпески, татко на три деца.

Таткото на Благојче со солзи во очите ја дочекал веста за прва внука во својот дом. Дотогаш кај нив се слушал само машки плач.

„Кога се роди првото девојче, славеа сите, а најсреќен беше свекор ми, тој многу сакаше девојче и секој ден после работа доаѓаше во болница да ме види“, вели Александра Трпеска, мајка на Бојана, Ева и Бојан.

Семејството Трпески се само еден пример дека трката по кариера и пари не се изговор за повеќе деца во домот. Социјалната бариера го намали наталитетот во земјава, но, потомството е најголемото богатство.

 

Александра Перевска