Протест за поддршка на Кежаровски

20.01.2015 15:31

Протестот прво се одржа пред Апелацискиот суд, кој го осуди новинарот на две години затвор за откривање идентитет на заштитен сведок...

Директорот на затворот Шутка поднесе барање за условен отпуст на новинарот Томислав Кежаровски, поради како што велат здравствени причини, по што управата за извршување на кривичните санкции изутрината донесла решение со кое на новинарот му се прекинува казната.

Оваа информација ја потврдуваат од Кривичниот суд, од кадешто велат дека барањето ќе се разгледа. Кежаровски изутрината е пуштен на слобода, но како што соопштува тој, му било кажано во затворот да се врати на 18-ти идниот месец.

Со преиначената пресуда на новинарот му остануваат нешто повеќе од 3 месеци затвор.

За завршување на случајот за Кежаровски застанаа здруженијата на новинари, ЗНМ и МАН. Се одржа протест кој беше организиран од група новинари, кои побараа слобода за колегата.

Протестот прво се одржа пред Апелацискиот суд, кој го осуди новинарот на две години затвор за откривање идентитет на заштитен сведок.

Оттаму до пред владата протестот го предводеше Кежаровски. И во овој протесткој беше  организиран од група новинари, се замеша и политиката. Таму беа лидерите на СДСМ, ЛДП, НСДП.