Прекината нарковрска Турција-Албанија
Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија шверц на 2 килограма висококвалитетен хероин, соопшти Царинската управа. Дрогата е пронајдена кај патничка во автобус на транспортна фирма од Истанбул, при влез во Македонија на граничниот премин Богородица вчера во раните утрински часови. При детален преглед на патниците од автобусот, кај патничката која е албански државјанин во пределот над стомакот биле скриени седум пакетчиња.

Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија шверц на 2 килограма висококвалитетен хероин, соопшти Царинската управа. Дрогата е пронајдена кај патничка во автобус на транспортна фирма од Истанбул, при влез во Македонија на граничниот премин Богородица вчера во раните утрински часови. При детален преглед на патниците од автобусот, кај патничката која е албански државјанин во пределот над стомакот биле скриени седум пакетчиња. Притоа биле собрани докази кои укажуваат дека осомничената договорила транспорт на дрога со автобус и тоа за цена од 300 евра од секој транспорт поединечно. Таа била контактирана од непознато лице од Тирана кое во Корча и понудило да работи како транспортер на дрога на релација Турција-Албанија. Лани на 28 декември осомничената со автобус од Корча преку Грција го продолжила патувањето до Истанбул, Турција. Следниот ден осомничената пробно без да носи дрога, со автобус тргнала за Струга и тоа преку Грција. Бидејќи патот го минала без да биде прегледувана на граничните премини од Турција до Албанија, тоа ја охрабрило и веднаш по пристигнувањето, пред 4 дена, повторно се упатила кон Република Турција. Во Истанбул ја пречекало повторно непознато лице со потекло од Албанија којшто ја однесол осомничената во куќа во периферијата на Истанбул. Таму ја пречекале две лица кои ја подготвиле за транспорт, така што седумте пакетчиња со селотејп лента и ги залепиле над стомакот под облеката. Дрогата требала да ја предаде при влез во Република Албанија на лице од Тирана. Станува збор за висококвалитетен хероин, што на наркопазарот достигнува вредност од околу 50 илјади евра. Царинската управа по целосно комплетирање на истрагата ќе поднесе соодветна кривична пријава.
