Евроинтеграции: Спорот со името не смее да влијае на кредибилитетот на процесот за проширување
Спорот за името е од локален карактер и не смее да влијае на кредибилитетот на процесот за проширување. Ова можеше денеска да се слушне во Европскиот парламент. Известувачот за Македонија, Иво Вајгел ја претстави предлог- резолуцијата за земјава...

Европскиот парламент по деветти пат побара одредување на датум и отпочнување на преговори за членство на Република Македонија во Европската Унија без понатамошно одлагање, додека, наметнатиот спор за името би се решил во текот на преговрите.
Секое понатамошно одлагање влијае на напредокот на државата и врз регионалната стабилност- е наведено во предлог резолуцијата подготвена од страна на новиот известувач за нашата држава во Европскиот парламент, Иво Вајгл.
За европратеникот Даниеле Дам Преда, билатералниот спор за уставното име, наметнат од страна на јужниот сосед е чисто политичка причина од локален карактер и не смее да влијае на кредибилтетот на процесот на проширување на ЕУ.
Досега најостра забалешка и поддршка за ова прашање имаше шпанскиот европратеник од редовите Европските либерали, пратеникот Хавиер Нарт.
„Навистина е патетично и недипломатски вакво прашање во Европа. Да се стави вето на подрачје кое историски одсекогаш е познато како Македонија“, рече Хавиер Нарт.
Во предлог резолуцијата Вајгл го наведе проблемот со бојкотот на Собарнието од страна на опозицијата.
„Долго време разговарав со лидерот на опозициската партија Заев и неговите соработници и нагласив дека и за нив, приоритет треба да претставува нормалното функционирање на парламентот“, изјави Вајгл.
Председавачот на седницата Андреј Пленкович со порака до Комесарот за соседство и преговори за проширување, Јоханес Хан.
„Пред да го заврши својот 5 годишен мандат , ке мора да се насочи со поинаков пристп кон досието на Македонија бидејки ова е сериозен и отворен проблем кој не е добар за кредибилтетот на Унијата“, нагласи Пленович.
Претствникот на Европската комисија. Дејвид Кулен потсети на шесте последователни пораки од страна на Комисијата и додаде дека во моментов се бараат начин и за продолжување на дијалогот на виско ниво.
Инаку, во делот на меѓусоседските односи, нотирано е унапредување. Економијата е на задоволително ниво, со 3,9 % зголемување на економскиот раст во однос на предходната година. Невработеноста, пак, бележи тред на намалување.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
