Второ полугодие

Ѕвончето заѕвони во најголем број општини, во три се штрајкува

20.01.2015 17:25

Наставниците и професорите кои денеска се појавија на своите работни места велат дека нема да штрајкуваат затоа што сметаат дека тоа не е во интерес на учениците...

По три неделниот распуст, детскиот џагор се слушна во училиштата. Наставата не успеа да ја прекине најавениот генерален штрајк на СОНК. Со исклучок на Куманово,   Струмица и скопски Центар, наставата непрекинато се одвиваше низ целата земја.

Во, Штип, Кавадарци, Виница, Пехчево, Гевгелија и низ многу други градови низ Македонија и останатите скопкси училишта- штрајк нема. Во Битола штрајкувале само група наставници, во Дојран, Крива Паланка и во Валандово- неколумина. Штрајк немаше ниту во Прилеп, ниту во Велес.

Во Скопје сликата не беше поинаква. Од 21 средно училиште во Скопје, единствено затворено беше средното училиште „Зеф Љуш Марку“ . Со исклучок на шест училишта каде дел од наставниците бојкотираа, наставата редовно се одржува во 14 – средни училишта.

Наставниците кои денес се појавија на своите работни места велат дека нема да штрајкуваат затоа што сметаат дека тоа не е во интерес на учениците.

Најавите за штрајк не ги предомислија и родителите кои денес ги испратија своите најмали во училиштата.

Штрајкот на СОНК пропадна по расколот во оваа синдикална организација.  Изминативе денови голем број членови јавно изразија несогласување со одлуките на претседателот Јаким Неделков. За нив, одлуката за штрајк е единствено во функција на битктата за уште еден мандат на Неделков.

 

Викторија Тодоровска