Родителите од општините каде СОНК штрајкува бараат да не се злоупотребуваат нивните деца

20.01.2015 17:27

Раководството на СОНК смета дека штрајкот е успешен. Но, онаму каде што немаше настава, реагираа родители на ученици. Бараат да не се злоупотребуваат нивните деца...

Се огласија револтирани родители во Струмица и Куманово каде имаше штрајк на наставниците и професорите. Настава нема, децата пуштени дома. Родителите апелираат да не се злоупотребуваат учениците. Губењето часови е на штета на сите. Губат и родителите и децата кој заостануваат со наставата.

„Не е ова решение, си има синдикати кои проблемите треба да ги решаваат... Оној фонд на часови кој е зацртан треба целосно да се реализира“, велат дел од револтираните родители од Струмица.

Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков се откажува од неговите членови кои не го подржале штрајкот. Иако најголемиот дел од училиштата и градинките непречено работеа, Неделков вели дека штрајкот ќе го продолжел.

„Сите други кои нема да го поддржат штрајкот, изјавив и кажав дека тоа не се веќе наши членови“, нагласи Неделков.

Постоја низа начини да се решат проблемите, но не преку грбот на нашите деца - рекоа револтираните родители и од Куманово втората погоема оптшина во која наставниците штрајкуваат. Побараа наставата да почне, а проблемите да се решаваат на друго место.

„Децата наши да не бидат злоупотребени. Како родители нема да дозволиме децата саботите да ги одработуваат... Ако некои се засегнати, тоа треба да го решат со надлежните“, велат дел од родителите од Куманово.

Родителите се доплолнително загрижени дека нивните деца ќе треба преку настава за време на викендите да го надоместат пропуштеното. Надлежните најавија дека е обезбедна замена за наставниците кои штрајкуваат и дека наставата ќе продолжи нормално.

 

Миле А. Ристески