„Швајцарецот“ сеуште го тресе светот
Очите на меѓународните финансиски пазари вперени кон Европската централна банка. Се најавува план за откуп на државни обврзници тежок 550 милијарди евра...

Благ пад на вредноста на швајцарскиот франк. Го достигна најниското ниво во последните четири дена. Аналитичарите очекуваат да се стабилизира на вредностите од 1,05 во однос на доларот, а 1,25 во однос на еврото.
И додека финансиите пазари се уште се збунети по потезите на Швајцарската Централна банка, можно е да ги потресе нов шок. На средбата на гувернерите в четврток ќе падне одлука, дали и колку Европската централна банка ќе вбризга допопнителни пари во финансискиот систем.
Ако се остварат најавите за активирање на програмата за купување државни обврзници тешка 500 милијарди евра, еврото ќе ослабне. Но, европските монетарни власти може повторно да се премислат. Тогаш курсот на заедничката валута ќе зајакне два до три пати во однос на швајцарскиот франк и доларот.
Аналитичарите со став – ова ќе се случи без разлика на одлуката на Европската централна банка. Во исчекување, водечките европски берзански индекси пораснаа.
Слабото евро во кобинација со ниските цени дава надеж дека економското заздравување на зоната не е далеку- предвидуваат брокерите.
Сеуште паника во регионот. Грците подигнале седум милијадуи евра од банките.
Владата во Хрватска со закон ќе им предложи на банките да ги намалат каматите на кредитите врзани за франци, Србите бараат решение да се намали ризикот.
Во Македонија, сеуште смирувачки тонови од Народната банка.
Сузана Фиданска- Стоевска
