Кежаровски привремено ослободен, новинарите на протест
Новинарот Томислав Кежаровски привремено ослободен од издржувањето на затворската казна поради нарушено здравје. Новинари протестираа пред Апелациониот суд и бараа тој целосно да биде ослободен од казната...

Новинарот Томислав Кежаровски, утрово е пуштен од скопскиот затвор. Официјалното објаснување е дека станува збор за прекин на затворската казна за еден месец. Ваквата одлука е донесена по барање на директорот на затворот поради како што велат од Судот, здравствени причини.
Барање за Условен отпуст е доставено и до Скопска единица, од каде информираат дека ќе биде разгледано. Кежаровски има обврска да се врати во затворот на 18-ти идниот месец. На новинарот кој е осуден за оддавање на име на заштитен сведок му преостануваат уште околу 3 месеци затвор.
Побрза разрешница на случајот и ослободување на новинарот побара целата медумската заедница во Македонија. Новинарските здруженија и асоцијалции застанаа зад Кежаровски. Денеска се одржа и протест.
„Продолжуваме да се бориме за Кежаровски да биде признаена неговата невиност , не се задоволуваме со калкулации, со намалени казни, тој е невин“, изјави Тамара Чаушидис, претседател на Самостојниот синдикат на новинари на Македонија – ССНМ.
Апелациониот суд кој ја намали казната од 4, 5 на две години побара да не се врши притисок врз судството. Протестот на кој учестуваше и Кежаровски од таму се пресели пред Владата.
„Конечно сите сме Кежаровски, конечно сите сме слободни граѓани“, рече Насер Селмани – претседател на ЗНМ.
Денешниот протест, најавен како новинарска поддршка за колегата, не остана имун на политиката.
На собирот учествуваа лидерите на СДСМ, ЛДП, НСДП- Заев, Жерновски, Петковски. Се појавија и други високи функционери од повеќе политички партии.
Наташа Гркова- Петрушевска
